Нино Катиќ пред десет месеци ја повреди кичмата во текот на работното време во компанијата „Центрум“ во Бања Лука, а потоа пред неколку дена додека се уште бил на боледување, добил отказ.

Моментот на падот снимен од надзорна камера

Според mondo.ba, на 11 февруари годинава Катиќ паднал од скала, што е снимено благодарение на надзорните камери. Снимката е објавена на Фејсбук групата „Црна листа на работодавачи на РС“.

Катиќ рече дека почнал да работи во „Центрум“ минатата година и додаде дека скалата е основна алатка за него и за другите колеги, но дека била во многу лоша состојба. Тој додава дека на скалата имало и натпис „опасно“, кој самиот го напишал.

Повредениот Нино Катиќ

Со месеци скалата стоела со тој натпис, но работниците продолѓжиле да ја користат бидејќи им била потребна на секои 15 минути.

Катиќ изјави дека имал операција на ‘рбетниот столб, како и дека му ставиле шипка низ пет пршлени и дека одреден период бил врзан за кревет. Тој сега е на половина пат од лекувањето и шипката се уште не е извадена.

„Најголем проблем во се е што на работа ја скршив кичмата, а од февруари до септември боледувањето ми се третираше како повреда на работа, а потоа лекарската комисија напиша „не“ во полето каде пишува „повреда на работа“. Тоа е направено по отворањето на ново боледување кај мојот матичен лекар, иако имам комплетна медицинска документација, отпусно писмо од болница, претходни извештаи на комисијата за времетраењето на привремената спреченост за работа, извештај од итната помош… После сето тоа следеше нов шок кога добив пошта пред неколку дена, кога добив раскин на договорот за работа од работодавачот каде што ја претрпев повредата“, истакна Катиќ.

📸

📸

Во документот што го добил по пошта, меѓу другото, пишувало „По сила на закон повеќе не го продолжуваме договорот“.

Од „Центрум“ потврдија дека се запознаени со овој случај, но дека, според нив, Катиќ не добил отказ.

„Колегата не доби отказ, туку едноставно не му беше продолжен договорот кој беше склучен на одреден период, тој пред два месеци доставил документ со дознака за „повреда надвор од работа“, како што стои во одлуката на лекарскиот одбор. Значи, обична дознака. Со оглед на тоа што е намален нашиот обем на работа во овој период, веќе не можеме да го продолжиме договорот“, велат од „Центрум“.