По три месеци откриена е причината за страшната несреќа што се случи на 11 септември на патот Златибор – Ужице, каде загинаа четири млади момчиња.

Да потсетиме, младите биле во џип БМВ, кој се превртел на патот во раните утрински часови на 11 септември, а Владимир Милошевиќ (27), Урош Дрчелиќ (22), Стефан Џавовиќ (21) и Никола Даничиќ ( 19) загинаа. Сите се од Ужице, а кобното утро се враќале од ноќна забава во правец на Златибор.

По повеќекратните превртувања, тројца млади момчиња починале на лице место, додека четвртиот им подлегнал на повредите во болница во Ужице.

Владимир Милошевиќ (27), Урош Дрчелиќ (22), Стефан Џавовиќ (21) и Никола Даничиќ ( 19) загинаа

Вештачењето за причината за несреќата покажало дека најниската можна брзина со која во тој момент се движел џипот изнесувала 142 километри на час.

Исто така, вештачење проценило дека трагедијата можела да се избегне доколку џипот на тој дел од автопатот се движел со 110 километри на час.

Неколку дена по трагедијата во каменоломот во Сурдук, на местото каде што загинаа младите, се појави мурал со нивните портрети, кој им го чува споменот во близина на нивниот роден град.