Поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, вечерва предизвикал полесна сообраќајна несреќа во Загреб, пренесува порталот Индекс, до кој читателите испратиле фотографии.

Во улицата Амбрушева во центарот на градот, Јосиповиќ со својот автомобил удрил во оградата на кафуле. Тој во кратка изјава за Индекс вели дека во несреќата нема повредени и дека е оштетена оградата, но дека не е голема штета.

– Не ја видов оградата на кафулето, ја удрив – рекол поранешниот претседател на Хрватска за Индекс.

Инаку, ова не е прв пат Иво Јосиповиќ да има сообраќајна несреќа. Јосиповиќ летото 2017 година удрил во паркиран џип на само стотина метри од станот во кој живее на улицата Палмотиќева во Загреб.

И тогаш немаше повредени, а дошла влечна служба да го земе автомобилот на Јосиповиќ.

📸