Најмалку шест лица загинаа, а три се тешко повредени во судир на автобус и камион во градот Луисвил, во американската сојузна држава Њујорк.

Според локалната полиција, се судриле автобус и камион кој превезувал контејнери, пренесува NBC News. Сите жртви се патници во автобусoт. Од тројцата повредени, едно лице е во критична состојба, а двајца се со тешки телесни повреди.

Полицијата започна истрага за причините за несреќата.

📸

📸