Светските медиуми доцна вечерва јавуваат за силни експлозии во неколку ирански градови извршени со дронови, чие потакло засега не е познато. Според неофицијални информации, Израел започнува воена операција во Иран, објави телевизијата Ал Арабија.

Иранското Министерство за одбрана го потврди нападот со беспилотни летала на еден од нејзините центри за производство на муниција. Според агенциите, нападот со беспилотни летала бил успешно одбиен со противвоздушна одбрана – еден од дроновите бил соборен, а другите два паднале во одбранбени стапици и експлодирале.

Според еден ирански извор, вечерва е ноќта на одмаздата за синоќешниот терористички напад во Израел. Други извори тврдат дека не се работи за одмазда, туку дека тоа го прават локални комунисти.

– Вечерва решивме да нападнеме терористички организации. Нашиот одговор ќе биде силен, брз и точен. Кој сака да ни наштети, ќе му наштетиме и ние, се вели во непотврдена изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Иран ја мобилизира својата армија

Иран ја мобилизира својата армија, армијата е во состојба на готовност.

Во градот Исфахан, каде што беа цел воени објекти, постои опасност да не дојде до инцидент во нуклеарниот објект кој се наоѓа недалеку од местото на експлозијата.

Ал Арабија тврди дека „целта на воената операција ќе биде уништување на иранската воена индустрија“.

– Израел започна специјална воена операција внатре во Иран, објави Ал Арабија.

Во последните години имаше неколку инциденти на експлозии и пожари во ирански воени, нуклеарни и индустриски капацитети.

Во јули, Иран објави апсење на група курдски милитанти, обвинувајќи ги дека работат за Израел и планираат да бомбардираат објект од одбранбената индустрија во Исфахан.

Изјавата на иранското Министерство за одбрана дојде кога напорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, со кој беа укинати меѓународните санкции кон Иран во замена за ограничувања на неговата нуклеарна програма, се во застој со месеци.

Израел го обвини Иран дека се обидува да развие нуклеарно оружје, додека Иран негира тоа.

Израел претходно предупреди дека ќе преземе воена акција доколку дипломатските напори не успеат да ја спречат иранската нуклеарна програма која брзо напредува.