По интензивните критики и негативните коментари за филтрите кои ги користи на социјалните мрежи и изобличувањето на нејзиниот изглед, Мадона реши да им го покаже лицето на нејзините фанови без шминка и други додатоци.

Кралицата на поп музиката објави видео на својот личен профил на TikTok , а на снимката може да се слушне како вели: „О Боже, зошто го направи тоа?“, мислејќи на сликата од нејзиното лице.

Мадона во споменатото видео изгледа „отечено“, додека нејзиното лице има некои црвени траги, кои личат на пеги.

Сите се прашуваат што точно „корегирала“ пејачката, па нејзиното лице и тоа изгледа толку чудно. Хирурзите од странство неодамна разговарале за Page Six и откако ги „проучиле“ нејзините слики, објаснуваат какви операции можеби имала ѕвездата.

„Кога првпат ја видов публикацијата, како и многу други, бев многу изненаден од нејзиниот изглед“, рече др. Ехсан Али, извршен директор на Beverly Hills Concierge Doctor and Urgent Care, пред да додаде дека може да разликува околу девет процедури на нејзиното лице.

„Таа дефинитивно имаше фејслифтинг, нејзината кожа е затегната, без опуштеност или брчки. Подигнувањето на лицето го менува и обликот на очите на Мадона, тие се исцртани нагоре. Исто така, таа дефинитивно направи ринопластика. Нејзиниот нос изгледа многу тесен со зашилен врв. Да не зборуваме за ботокс“, вели др. Ехсан Али.

За ботоксот што го направила сведочат „непостоечките изразни брчки на нејзиното лице“. „Има манипулирано и со јаболчниците, веројатно имала хијалуронска пломба. Тие изгледаат сосема поинаку и се истакнуваат“, вели тој.