Во сараевската населба Долац Малта вчера забележана е голема змија во близина на детскиот парк. Загрижените граѓани сметаат дека, според изгледот, станува збор за поскок, но тоа не е потврдено.

Змијата е видена на улицата „Паромлинска“ кај броевите 24 и 25. Читателите велат дека змијата се сокрила во цевка и дека не знаат што да прават.

„Ова е страшно, змијата е голема…“ вели еден од граѓаните за босанските медиуми.

Пред десетина дена змии беа забележани и на Циглане и Кошевско брдо. Ден подоцна од општина Центар соопштија дека граѓаните немаат причина за грижа бидејќи змиите се неотровни.