Гори автомобил кај Рампа во скопската населба Кисела Вода.

Автомобил во движење се запали денеска на булевар 11 Октомври кај Стара Рампа.

Пожарот првично го гаснеа вработени во ЈП Водовод, чија цистерна поминуваше по булеварот. Со ПП апарати гаснеа и очевидци, но огнот беше изгаснат по интервенција на противпожарната екипа.

Моментално пожарникарите го гаснат пожарот. Причините за пожарот се уште не се познати.

Според првичните информации, нема повредени лица.