Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се заблагодари на деветте земји, меѓу кои и на Македонија, кои го поддржаа членството на Украина во НАТО.

-Благодарност до земјите од централна и источна Европа за поддршката за членството во НАТО и за осудата на рускиот обид за анексија на нашите територии, напиша Зеленски на Твитер.

Неговата порака следи откако денеска претседателoт Пендаровски и претседателите на Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија и Словачка во заедничка изјава соопштија дека не ја признаваат и никогаш нема да ги признаат руските обиди за анектирање на која било украинска територија.

Во изјавата се наведува дека тие силно ја поддржуваат одлуката од самитот на НАТО во 2008-та година во Букурешт за идното членство на Украина.