Кефалонија е остров со бројни плажи кои ги задоволуваат сите вкусови. Без разлика дали сакате плажи полни со луѓе и забава или пак, сакате изолирани плажи за приватно уживање со семејството, тука можете да најдете се на едно место.
Плажата Кси е исклучок од сите други плажи на Кефалонија, бидејќи тука нема ниту стрмна карпа ниту длабока вода. Нејзина предност е лесната достапност.
Водата тука е идеална за оние кои сакаат да летуваат со своите деца, бидејќи водата е прилично плитка.
Таа е идеална дури и за оние кои сакаат спа третмани. Целата плажа е црвена благодарение на глината која е застапена во големи количини и за која се вели дека ја чисти и затегнува кожата.
Плажата е добро организирана и на неа можете да бргу да најдете место за паркирање. Има место за забава и рекреација и за љубителите на спортовите.
Зошто се вика така?
Затоа што, гледајќи го одозгора, изгледа како да ја формира специфичната буква од грчката азбука!
Толку многу луѓе се заљубиле во плажата Кси поради многу причини, но две се главните и причината поради која станала толку позната.
Една од нив е неверојатната боја на нејзиниот песок, нешто налик на темно портокалова, а втората се високите карпи кои стојат над плажата.
Секоја година има сино знаме
Плажа со сино знаме е морска или езерска/речна рекреациска плажа која што ги исполнува строгите услови за време на целата претходна капачка сезона.
Статусот на сино знаме е доделен на плажи во повеќе од триесет држави во Европа, Јужна Африка, Нов Зеланд, Канада и Карибите, засновајќи се на стандарди и критериуми кои ги определува и раководи независна непрофитна организација, кампањата на фондацијата за образование за околината (англиски јазик: Foundation for Environmental Education).
За да се исполнат критериумите потребни за добивање на статус на сино знаме, потребно е исполнување на стандарди за квалитет на водата, безбедност, обезбедување на услуги како и општо управување на околината. Чистото и безбедно капење е овозможено во околина без кучиња.
Во Европа, стандардите за квалитет на водата се определуваат од страна на директивата за капачки води на ЕК.
Правото на истакнување на сино знаме на плажа или рекреативна водна површина е силен показател на високи стандарди на околината и е многу ценето и наградувано од страна на локалните власти и рекреативните центри на вода.
Во 2008, Шпанија имала 455 плажи со сино знаме, Грција била на второ место со 430, а Турција трета со 258. Грција има најмногу сини знамиња во Средоземното Море.
Be the first to write a comment.