Несекојдневна случка ни доаѓа од соседна Грција, поточно од рибен ресторан на плажа во Патра, со група од четири лица кои откако јаделе и пиеле си заминале без да ја платат сметката. Разбеснетиот газда ги објавил на Фејсбук, прикачувајќи ги снимките направени од безбедносни камери.

Конкретно, групата влегла во таверната и направила нарачка. Четирите лица јаделе, пиеле и кога увиделе дека менаџерот и вработените во ресторанот во Патрас се зафатени, си заминале без да ја платат сметката.

Очигледно вознемирен од инцидентот, сопственикот на таверната ги „прикачил“ фотографиите и видеото од нивното заминување на Фејсбук. Дури и бара информации за да ги идентификува за плаќање.

„Овие измамници дојдоа, јадеа и не платија. Секој што ќе ми даде информации за нив ќе биде добро награден“, напиша револтираниот угостител на Фејсбук.

📸