Иако од Министерството за правда негираат, извори на ,,Фокус” тврдат дека сепак пристигнала одлуката од Судот за човекови права во Стразбур, за аболицијата на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, која ја донесе екс претседателот Ѓорге Иванов.
Нашите извори тврдат дека одлуката стигнала во време кога министерот Никола Тупанчевски е на службен пат. Сепак од правда ја демантираа информацијата, појаснувајќи дека одлуката за аболицијата се уште не е донесена.
Одлуката, како што веќе пишуваше ,,Фокус” се очекуваше есенва, но таа се уште не е официјално објавена на сајтот на европскиот суд.
Според процедурата, и двете странки во постапката треба да бидат известени за датумот на објавување на одлуката, а клучната информација да ја дознаат на денот на објавувањето.
Be the first to write a comment.