Пациент од Гевгелија со малигно заболување на белите дробови со месеци чека резултат од магнетна резонанца, објави телевизија СИТЕЛ во својата сторија.
Овој извештај е неоходен да покаже колку е напредната болеста и каква терапија му треба, но залудно неговата ќерка секоја недела доаѓа во Институтот за радиологија. Од 3-ти август досега вели дека секое доаѓање на шалтер го добива истиот одговор – дојдете наредната недела.
– Нема, доаѓам секоја недела. Татко ми е во Гевгелија и замислете оние да доаѓаат секоја недела овде да бацат шалтер. Тој веќе е во кревет, не прима ништо лекови, не знам што ќе биде, вели револтирано ќерка на пациент со малигно заболување.
Иако пациентите со малигни болести имаат приоритет, тоа не секогаш е така. Во овој случај тешко може да се зборува за рана и навремена дијагностика кога три месеци нема резултат од магнетна. Ако до пред извесно време имаше проблеми со прегледи и операции поради вирусот, сега постковид компликациите се новата криза која го пролонгира навременото лекување, тврди министерот за здравство.
-Одложена дијагнпстика, чекање на резултати се е тоа поради постковид кризата, вели Беким Сали, министер за здравство.
За пациентите кои сега ја пропуштаат раната дијагностика решение нема, но проблемот според министерот за здравство ќе биде надминат со теле- радиологија. Најавува дека од јануари резултати од магнетна ќе читаат сите соодветни кадри низ државата и нема да има толкави листи на чекање. Но што дотогаш????, се вели во сторијата на СИТЕЛ телевизија на новинарката Сања Димитровска.
Be the first to write a comment.