Две млаи момќиња на возраст од 18 и 17 години загинаа рано утрово во тешка сообраќајна несреќа која се случила на националниот автопат Коринт- Триполи кај клучката Спатовоуни, јавуваат грчките медиуми.

Двете млади момчиња загинале на лице место, додека тешко се повредени уште две лица. Автопатот Коринт- Триполи беше затворен по жестокиот судар. Неофицијално, причина за фаталната несреќа е одлуката на возачот да се врати во рикверц. Двајцата повредени се пренесени во болница.

– Во 05:00 часот утрово во правец кон Триполи, автомобил тргна во рикверц, веднаш кај клучката Спатовоуни на Националниот автопат. Поради тоа тој се судрил со друго возило кое доаѓало од истиот правец. Судирот бил толку силен што двете млади момчиња од Коринт на возраст од 18 и 17 години загинале на лице место, јавуваат медиумите.

На местото на настанот пристигнале две амбулантни возила, противпожарната служба и патролни возила. Во болницата во Коринт се пренесени и двајца тешко повредени.