Грчките медиуми попладнево објавија нова снимка моментот кога авионот „Антонов“ падна во полињата во Кавала во саботата вечерта (16.07.2022). Новата видео снимка покажува шокантни инсерти од авионската трагедија, во која животот го загубија сите осум членови на екипажот.

Видеото е снимено од безбедносна камера во дворот од компанија за градежни материјали во таа област и го прикажува шокантниот пад на авионот Антонов Ан-12, во близина на домовите и деловните објекти во областа Палеохори.

Веднаш по падот се гледа огромната експлозија која се случила. Според сведоштвата на жителите, тие слушале повторени експлозии околу два часа по падот

Погледнете го новото шокантно видео:

Примероците земени од специјалната компанија за биолошка одбрана од почвата и растенијата од областа каде што се урна авионот се испратени на испитување во Атина.

Специјалниот одред на грчката армија ги достави примероците до Цивилната заштита и последователно, поради критичноста на ситуацијата, веднаш почнаа процедурите за нивно испраќање во специјалните лаборатории на државната лабораторија за општа хемија во Атина.