Една жена загинала на хрватскиот остров Хвар на Јадранот кога скокнала во морето, пренесува хрватската новинска агенција Хина, повикувајќи се на полициски извештаи.
Несреќата се случила во 14.45 часот во Стинива на Хвар. Најверојатно се работи за несреќа и смрт при скокање во морето.
Сплитската полиција наведува дека патолог излегол на местото на настанот и го прегледал телото, при што не се пронајдени траги на насилство.
– Се вели дека се работи за средовечна странска државјанка. Истрагата е во тек, јавуваат медиумите.
Како што дознаваат меиумите, жената по скокот во морето не давала знаци на живот. Потоа била повикана брза помош.
Be the first to write a comment.