На социјалната мрежа Твитер се појави твит од српска корисничка која им се пожалила на следбениците дека ја измамил продавач на дрва кој ѝ наплатил 5,5 кубика, но ѝ испорачал едвај четири.

– Еден лик донесе дрва во селото. Наплати за 5,5 метри, но човекот што дојде да ги сече реле дека овде има едвај четири метри. Ако некој продава дрва, еве ме мене, на кого можеш да му наплатиш 1000 евра за десет метри, а да скратиш два метра. Добро плаќам, плус честам, плус глупава сум. Дополнителна комбинација – напиша таа во твит и почна лавина од коментари.

– А по која цена плативте метар кубен? Понекогаш ми се чини дека е подобро да се купат брикети, сложени, измерени, на палета, скапи се, но во споредба со вакви крадци – праша еден корисник во коментарот, а авторот одговори:

– 9.000 динари (4.700 македонски денари) беше кубик, иако денес човекот што ги сечеше ми рече дека купил за 8.000 динари (4.200 денари) и дека дрвата се подобри од моите.

Оваа нејзина приказна ги поттикна корисниците на Твитер да ги споделат своите непријатни искуства со продавачите на дрва.

Кубик дрва во Скопје достигна 5.300 денари

Цената на кубик огревно дрво достигна 5.300 денари во Скопје, а во остатокот од земјата се движи од 4.500-5.000 денари, објави порталот САКАМ ДА КАЖАМ (СДК.мк).

Освен драстично зголемената цена, која е за 70 отсто повисока од лани, тешко се наоѓаат дрва за огрев на приватните плацеви, а и шумските стопанства ги стопираат испораките.

„Секоја нова тура од добавувачите е за 100-200 денари поскапа. Плус, не можеш да најдеш работници за сечење и товарање, а и тие што ги има бараат сè повеќе пари. На крај, повеќе пари одат за работници, отколку за плацот“, вели сопственик на плац за огревни дрва во околината на Скопје.

Во Штип, кубик огревно дрво сега се продава за 4.500 денари, но ако се додадат трошоците за сечење, цепење и редење на дрвата, крајната цена на огревното дрво веќе изнесува 5.000 денари.