ХРВАТСКА- Во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на автопатот А1, помеѓу клучката Бенковац и клучката Задар 2, две лица загинаа, а едно лице е пренесено во задарската болница, јавуваат хрватските медиуми.

– Вечерва нешто пред 20:00 часот на автопатот А1 помеѓу клучката Бенковац и клучката Задар 2 во правец кон Загреб на км 264 се случила сообраќајна незгода во која според првичните информации две возила беа вклучени. Во сообраќајната несреќа две лица загинаа, а едно лице со возило на Брза помош е пренесено во Општата болница Задар, соопшти полицијата.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а на местото на несреќата се врши увид.