Матеј Периш (27) ќе биде погребан утре на гробиштата Ловринац во Сплит, а на истото место е погребан и неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ (26), кој трагично загина три месеци пред него.
Пријателите минуваат низ ужасен период
Пријателите на Матеј Периш се многу тажни бидејќи го загубиле, а особено им е тешко што тој е вториот човек од нивното друштво кој за кратко време починал.
Шестмината пријатели кои последните часови од неговиот живот ги поминале со Матеј и кои последен пат го виделе жив, минуваат низ страшен период.
Првата неизвесност беше додека траеше потрагата. Прашања и потпрашања, размислување што му се случило, каде отишол и зошто. Еден од нив се обидел да се самоубие откако се вратил од Белград во Сплит, но го спасиле – откри еден од пријателите.
Be the first to write a comment.