Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска северно од норвешкиот архипелаг Свалбард, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од два километри, јавува Ројтерс. Локалните власти потврдија дека нема извештаи за повредени или материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 725 километри северно од Свалбард, на длабочина од два километри, пренесува Ројтерс.

„Немавме извештаи за никакви инциденти“, изјави портпаролот на полицијата во Свалбард, додавајќи дека „многу бродови“ обично пловат околу островот, но не се знае колку во моментов има во водите околу архипелагот.

Главната населба на Свалбард, Лонгјарбиен, се наоѓа во централниот дел на архипелагот.