Во тек е спасувањето од планината Вележ во Босна и Херцеговина каде учествуваат голем број спасувачи.

Во планинскиот предел Вележ во месноста Вита Фелале дошло до несреќа во која е повредена државјанка на Република Хрватска. Во тек е спасувачка акција – соопштија властите.

Во акцијата е вклучен и хеликоптерот на Хеликоптерската служба. Според информациите на тамошните медиуми, повредената хрватска државјанка виси на карпите.

– Не можеме многу да ви кажеме освен дека екипите се на терен. 40 луѓе се веќе таму, уште 40 пристигнуваат, а 20 спасувачи се во подготвеност. Таму се сите планински спасувачки служби кои беа достапни, а акцијата ја води Надин Кевељ од ГСС Мостар – изјави Емил Балавац од ГСС Јабланица.

Засега спасувачите немаат информации како дошло до оваа несреќа, а врските со екипите на терен се отежнати.