Татко (36 години) загина, а девојче(4 години) е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 18 часот и 35 минути на автопатот Милош Велики кај Лајковац во соседна Србија.

До несреќата дошло кога товарно моторно возило удрило во маж по име И.Ж. и детето А.Ж. кои биле до нивното возило на коловозната лента за застанување.

Мажот И.Ж. починал на лице место, а девојчето со повреди е пренесено во Ургентниот центар.