Српските државјани Виктор М.(39) и Владимир П.(26), како и Милица К.(29), која е родум од Обреновац, но има француско државјанство, се уапсени и одреден им е притвор за вооружениот грабеж на холандски државјанин во Малта.

Како што јавуваат тамошните медиуми, вооружениот грабеж се случил во стан во кој Виктор М. провалил и со пиштол ги врзал Холанѓанецот (42) и неговата партнерка Милица К.

Додека ги држел под пиштол, потврди полицијата, тој ги принудил да ги предадат сите пари и вредни предмети. Но, при нападот, како што пренесуваат малтешките медиуми, со нож на повредениот Холанѓанец му нанел тешки телесни повреди.

Завршил во болница

– Холанѓанецот поради тешки повреди заврши во болница, а во болница заврши и жената бидејќи како што изјавила доживеала голем шок. Полицијата само неколку минути подоцна го уапсила крадецот, јавуваат медиумите по грабежот, кој се случил во средата.

Сепак, вчера дошло до филмски пресврт додека полицијата ѝ ставила лисици на француската државјанка Милица К., која е осомничена дека го наместила партнерот. Инаку, при грабежот од кој крадците однеле плен вреден околу 2.300 евра, и таа била врзана и глумела дека е шокирана и исплашена.

Милица К/ (29) глумела дека е во шок

– Истрагата покажа дека жената која живеела во станот со Холанѓанецот всушност била соучесник и дека имала договор со двајцата осомничени мажи да го ограбат нејзиниот партнер, кој бил тешко ранет со нож за време на драмата во станот – изјавија истражителите.

Покрај учеството во грабежот на нејзиниот партнер, Милица К. е осомничена и за лажна пријава во полиција, како и за криење докази.

Нејзиниот соучесник Виктор М., на кого најверојатно претходно му дала инструкции како да влезе во станот во кој живее со вереникот, но и каде да бара скапоцености, веднаш по грабежот е уапсен.

Брзо уапсени

– Полицајците брзо забележале осомничен кој одговарал на описот на улицата. Кога му се приближиле, тој ја фрлил чантата, но полицајците ја нашле и кога ја отвориле, имало пиштол. Брзо му влегле во трага на автомобилот што го користел и во него пронашле нож. Брзо е откриен и уапсен и второосомничениот, кој бил задолжен за преземање на пленот и бегство, наведуваат медиумите од Малта дека е демаскирана група разбојници со потекло од Србија.

Милица К. (29) од жртва стана соучесник

Инаку, на Фејсбук профилот на Милица К. стои дека е од Париз, но објавила и фотографии од Србија. Осомничената на 6 јули годинава објавила дека се верила, а објавила и слики од натпревар во боди билдинг.