Американската вселенска агенција НАСА објави сателитска фотографија од Земјата направена ноќе, на која се гледа дека во Украина воопшто нема светлина.

Фотографијата е направена на 24 ноември. Ја прикажува Украина во целосен мрак, додека е опкружена со силни светла кои горат во другите земји, особено во Русија.

Од 10 октомври руските вооружени сили напаѓаат воени и енергетски објекти во Украина. Ова беше одговор, особено на експлозијата на мостот на Крим, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Руското Министерство за одбрана извести дека на 23 ноември бил нанесен масивен удар на воениот команден и контролен систем на Украина и поврзаните енергетски објекти. Како резултат на тоа, Украинците се соочуваат со недостаток на струја.

Од 10 октомври руските вооружени сили напаѓаат воени и енергетски објекти во Украина