Во Мексико се откриени 53 вреќи полни со човечки останки кои биле закопани на импровизирани гробишта.

Како што пишува „Њу Јорк Пост“, страшното откритие е направено откако било забележано куче како трча низ градот со човечка дланка во устата.

Импровизираните гробишта се пронајдени на крајот на минатиот месец за време на фестивалот Ел Сервантино во Гуанахато, мексиканска држава каде нарко картелите често имаат улични битки, пренесува агенцијата Франс прес.

Откако во градот Ирапуато било видено куче со дел од човечка рака во устата, жителите почнале да бараат индиции кои ќе ги доведат до местото каде што животното дошло до раката.

Бибиана Мендоза, организаторката на групата која трага по големиот број исчезнати лица за време на пресметките на картелите, вели дека на почетокот мислела дека е бескорисно да се копа и да се бараат тела. Но, таа брзо сфатила дека не е така. Еден од исчезнатите е и нејзиниот брат.

„Додека луѓето од целиот свет славеа на фестивалот Сервантино, ние ги ископувавме телата“, изјави таа за АФП. Гуанахато се смета за најнасилна држава во Мексико – оваа година до септември таму биле убиени 2.400 луѓе, додека 3.000 од нив исчезнале.

Жителите кои работат со група форензичари од крајот на октомври ископале 53 вреќи со човечки останки, кои се обидуваат да ги идентификуваат, пишува Дејли мејл.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸