Трагедија се случи во Ниш, јавуваат српските медиуми. 4-годишно дете во понеделникот било итно пренесено во Брза Помош од градинката „Пчелка“ каде се случувала вистинска драма, според сведоци.

Детето голтнало лампион во форма на желад кој го земало од новогодишната елка во градинката. Заглавено му било во душникот, а учителките веднаш викнале Брза Помош. Во амбулантното возило детето веќе паднало во бесознание, и докторите влегле во Ургентниот центар трчајќи, носејќи го на раце со паднати раце и нозе, „буквално како мало маче“, сведочат медицинските сетри.

Малото тврдо тело му била брзо извадено од душникот, ставен е на интензивна нега, но и покрај сите медицински напори, за жал во текот на ноќта детето починало. Телото му е дадено на обдукција.

Деталите се уште се утврдуваат од надлежните институции, а во градинката најавено е дека влегува и инспекција.

Директорката не е во состојба да дава изјави

Се уште не се познати сите детали како се случила трагедијата во Владичин Хан, кога четиригодишно момче во понеделникот најверојатно проголтало желад од новогодишната елка.

Директорката на градинката Љиљана Ристиќ вели дека „од оправдани причини не е во состојба да дава изјави“. Очевидци на настанот велат дека вистинска драма се одвивала во градинката.

– Брзата помош пристигна под сирени. Лекарите и медицинските сестри втрчаа внатре.

Тие истрчале носејќи го момчето кое веќе било без свест.

– Го однесоа со голема брзина и со сирени – вели еден од очевидците.

Да потсетиме, момчето со возило на Брза помош било префрлено во ЗЦ Сурдулица, а потоа во КЦ Ниш, каде било оперирано, но и покрај лавовската борба на лекарите за неговиот живот, тоа починало.

– Момчето е примено попладнето во многу тешка општа состојба со знаци на тешко нарушување на функцијата на мозокот.

Во УКЦ му бил изваден туѓ предмет од респираторниот тракт, но за жал тоа не ја променило состојбата на пациентот.

И покрај сите преземени мерки од неколку медицински екипи, синоќа дошло до смртен исход – соопштија од КЦ Ниш.

Градинката беше пуштена во употреба пред само една недела, по реконструкција.