Во градинка во српското гратче Владичин Хан дошло до трагедија кога четиригодишно дете проголтало мал тврд предмет од елката, најверојатно желад, објавија српските медиуми.

Детето (4) вчера попладне било примено во Универзитетскиот клинички центар Ниш во многу тешка општа состојба со знаци на тешко оштетување на функцијата на мозокот.

Отстранет е тврдиот предмет од дишните патишта, но за жал тоа не ја променило неговата состојб. И покрај сите преземени мерки од страна на неколку медицински екипи на УКЦ, за жал синоќа животот на детето згаснал.

Во Основното јавно обвинителство Владичин Хан велат дека се информирани за случајот и дека се прибираат дополнителни информации, наредена е обдукција.

Како што неофицијално дознава Телеграф, желадот ​​е од новогодишната елка. Момчето најпрво со возило на Итна медицинска помош било префрлено во болницата во Сурдулица, а оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.

И покрај напорите на лекарите да го спасат и покрај тоа што е изваден желадот, детето синоќа починало.