Четиригодишниот Димитрије Ѓ. кој починал кога случајно голтнал желад во градинка, бил единственото дете во семејството. Во Владичин Хан е прогласена дводневна жалост, а според мештаните оваа несреќа е голема трагедија за сите, не само за семејството.

Потсетуваме, момчето почина доцна синоќа во Ниш, откако проголта желад од елката во градинката „Чаролија“ во Владичин Хан.

Се уште не се познати сите детали како се случила трагедијата. Директорката на градинката Љиљана Ристиќ вели дека „од оправдани причини не е во состојба да дава изјави“. Очевидци на настанот велат дека вистинска драма се одвивала во градинката.

Несреќното дете со неговите родители

– Брзата помош пристигна под сирени. Лекарите и медицинските сестри втрчаа внатре.

Тие истрчале носејќи го момчето кое веќе било без свест.

– Го однесоа со голема брзина и со сирени – вели еден од очевидците.

Да потсетиме, момчето со возило на Брза помош било префрлено во ЗЦ Сурдулица, а потоа во КЦ Ниш, каде било оперирано, но и покрај лавовската борба на лекарите за неговиот живот, тоа починало.

– Момчето е примено попладнето во многу тешка општа состојба со знаци на тешко нарушување на функцијата на мозокот.

Во УКЦ му бил изваден туѓ предмет од респираторниот тракт, но за жал тоа не ја променило состојбата на пациентот.

И покрај сите преземени мерки од неколку медицински екипи, синоќа дошло до смртен исход – соопштија од КЦ Ниш.

Градинката беше пуштена во употреба пред само една недела, по реконструкција.