Една од најпознатите Скопјанки сигурно е и Бранка Станковска. Родена на 30 април 1931, во Скопје — 21 јануари 2021— македонска радио и тв водителка.

Во Македонската радио-телевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читала вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

Беше една од најпознатите спикерки и водителки не само во Македонија, туку и пошироко.

– Точно е 12 часот – не постои Македонец што не го памети гласот кој ја изговара оваа реченица. Легендарната македонска спикерка, Бранка Станковска, почина на 90-годишна возраст на 21-ви јануари 2021 година.

Станковска е доајен на македонското спикерство и синоним за убав говор, дикција и совршено владеење на литературниот македонски јазин, нешто што денес речиси и да не постои во нашите тв медиуми.

Родена е во Скопје на 30 април 1931 година. Работниот век, односно од 1948 до 1987 година го поминува во Македонската радио телевизија, каде била и радио водител.

Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник”, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.

Беше пример, а и учител на многу генерации спикери и водители.

Оние што имале привилегија и чест да работат, учат од неа и едноставно, да ја познаваат, ќе речат дека се работи за еден голем професионалец и жена со најмилозвучниот глас кој секој збор го изговара совршено.

📸

📸

📸