Дознајте кои 5 намирници најверојатно нема да постојат во иднина, а еве и зошто.

Во 21 век се појавија многу намирници и производи за кои нашите предци кои живееле во 19 па дури и во 20 век не слушнале. Меѓутоа, во исто време, се чини дека некои јадења за кои сите знаат се изложени на ризик да „исчезнат од лицето на Земјата“, а еве зошто… Научниците од Унгарија наведоа пет намирници кои нашите внуци најверојатно нема да ги имаат можност да пробаат…

1. Паштета од црн дроб од патка

Според научниците, паштетата лукс направена од црн дроб од патки, може да потоне во заборав, бидејќи е премногу скапа за производство. Притисоци има и од активистите за права на животните бидејќи за овие цели практично насилно се гојат патките.

2. Кафе и какао

Глобалното затоплување може да не остави без две од најпопуларните намирници во светот – кафето и чоколадото! Во висорамнините на Колумбија, каде традиционално се одгледуваат зрна кафе и какао, температурите се зголемија во последните 10 години. Поради жештините на плантажите се се почести наездите од инсекти кои талкаат по растенијата. Резултатот е намалено производство на кафе и какао.

3. Мед

Пчеларите се жалат дека пчелите се почесто и посериозно се разболуваат. И тоа се случува насекаде низ светот, секаде каде што се одгледуваат пчели и се произведува мед. Според најрадикалните проценки, до 2050 година бројот на пчели би можел толку да се намали што медот ќе стане деликатес што ќе можат да си го дозволат само најбогатите.

4. Авокадо

Храна која нутриционистите ја препорачуваат како исклучително здрава, а во Македонија не е особено популарна поради „високата“ цена, во не така далечна иднина би можела да исчезне „од лицето на Земјата“… Причина? Исто како и за повеќето други – истото е и за глобалното затоплување.

5. Банани

Звучи едноставно неверојатно, но и ова овошје е во опасност да исчезне од полиците на продавниците и бакалите. Што е проблемот? Најпопуларната сорта на банани „кавендиш“ забележа драстично намалување на приносите во последниве години поради габични инфекции на дрвјата. Според научниците, бактеријата го убива „системот на палмата“ на коренот, што го спречува дрвото да добие доволно вода и хранливи материи и умира.