Босанскиот град Коњиќ е обвиен во црно, откако синоќа две млади момчиња ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа што се случи во 23 часот и 25 минути на магистралниот пат М-17 во градот Ораховица.

– Загинаа две млади момчиња, 21-годишниот А.Х., кој управувал автомобил „ауди А4“ и А.Г. (21) кој се наоѓал зад воланот на автомобил „Опел Астра“. Како што дознаваме, станува збор за Али Хакаловиќ и Алдин Граха од Коњиќ, објавија босанските медиуми.

Во оваа несреќа со тешки телесни повреди се здобил Аднан Ч. (24) од Хаџиќ, кој по укажаната помош во Општата болница Коњиќ бил пренесен во Сараевскиот клинички центар. Х.Б.(19) бил полесно повреден, а двајцата биле во автомобилот „ауди“.

Околностите за оваа несреќа се уште се утврдуваат. Поради увидот што го спровеле припадници на полициската управа Коњиќ во присуство на дежурниот кантонален обвинител, сообраќајот бил во целосен прекин до 00:55 часот.