Во пресметката што се случи во понеделникот вечерва во главниот град на Босна и Херцеговина, маж уби едно лице, а друго тешко рани со употреба на нож на две различни локации.

Како што претходно објави „Аваз“, убиен е Мирза Подбичанин, додека Суљо Плања, попознат како Суљо Домац, е тешко ранет со најмалку седум убодни рани. Елвир Сејфиќ е обвинет за убиство на едно лице, а повредување на друго лице.

– Официјалните мотиви за ова злосторство ќе се знаат по завршување на истрагата која е во тек, но како што неофицијално дознаваме, убиениот Подбичанин и ранетиот Плања физички го малтретирале и рекетирале Сејфиќ, а наводно му се заканувале дека ќе ја силуваат ќерка му, пишува порталот „Аваз“

Наводно, Подбичанин и Плања му нанеле повреди на Сејфиќ, кој отишол во неговиот стан да земе нож со кој подоцна ги нападнал при што фатално го повредил Подбичанин, додека Плања се уште се бори за животч.

Инаку, Елвир Сејфиќ е добитник на највисокото воено признание „Zlatni ljiljan“- воено одликување на Армијата на Република Босна и Херцеговина за време на војната во Босна и Херцеговина. Тоа признание беше доделено на војници и офицери за најсмелите, најхрабрите и најтактички подвизи во војната.