Откако Адам Лабунски раскажа како пејачката Тијана Милентијевиќ, позната како „Жена од султана“ наводно му се нафрлувала една вечер на сплав, Тијана во изјава за белградските медиуми реши да ја каже својата верзија.

– Ми беше смешно кога ја слушнав таа приказна. Бевме на роденден на заеднички пријател, фризер од Македонија. Со нас беа 20-30 луѓе и сите видоа дека ме вознемирува, прво мене, а потоа и другите девојки кои беа присутни, ја започнува својата приказна Тијана за „Блиц“.

– Друго, никогаш не сум му се доближила, ниту допрела некој кој, барем така сум слушнала, е хомосексуалец. Не ме интересира целата таа приказна. Тој по секоја цена се обидува да дојде до слава и тоа е се што ќе кажам на оваа тема. Кога ќе се случи такво нешто, се лутам и побеснувам затоа што некој ме стави во ситуација да се кажуваат лаги за мене. Сепак, брзо се смирувам бидејќи важно е да има живи сведоци кои знаат што се случило и тогаш сето тоа ми станува смешно – додаде Милентијевиќ.

Да потсетиме, Адам при влегувањето во моментално актуелната, шеста сезона на реалнота шоу програма „Задруга“, раскажа како Тијана еМ агресивно му се нафрлила, но дека тој ја одбил.

– Едвај се спасив од Тијана. Таа ме „муваше“ цела ноќ. Ми зборуваше дека многу ѝ се допаѓам. Неколку пати се обиде да ме бакне, но јас не бев во тој фазон. Таа е слатка девојка, но јас и реков дека сум зафатен и не сум подготвена за такви авантури. Не и беше гајле, а подоцна и самата ми кажа дека и таа е зафатена и дека има дечко, но дека не е задоволна со него и дека ќе раскине. Не ѝ дадов причина да мисли нешто, тоа беше само непријатна ситуација. Бев изненаден што беше толку „нападна“, но други луѓе кои беа со нас ми рекоа дека е таква кога некој и се допаѓа – изјави Лабунски пред една недела.

Хомосексуалец или хомофоб?

На Ивана Пузиќ, која неодамна се зближи со Јован Томиќ Матор, ѝ пречеше слободното однесување на Адам во „Задруга“, откако тој решил да ја нападне поради нејзината сексуална определба.

– Слушај девојко, да ти кажам, ти си родена како жена и Господ те создал да бидеш со маж, а не со жена – и рекол Адам на Ивана и шокирал многумина присутни.

Зел капар за да пее на матура, момчето ЗАГИНАЛО, а тој одбил да ги врати парите!

– Адам Лабунски со сите сили се труди да се прикаже во добро светло во реалното шоу „Задруга 6“, додека во родната Македонија веќе некое време е многу омразена личност. Причината за тоа е што поранешниот учесник на „Пинкови ѕвездички“ и „Ѕвезда Гранда“ не сакал да му го врати капарот на семејството кое го ангажирало за свирката која била откажана бидејќи нивниот син загинал, пишува „Блиц.рс“.

Имено, пејачот бил ангажиран од таткото на младиот човек за да ја прослави матурата, но забавата не се одржала поради несреќата во која настрадал младиот човек. Добро упатен извор во целиот случај, соговорник на Блиц.рс, вели дека авансот не бил голем и дека Адам Лабунски се „обрукал“, а не покажал ни трошка хуманост.

– За жал, тоа момче го загуби животот во сообраќајна несреќа. Таткото на момчето му се јавил на Адам и му објаснил што се случило, каква трагедија доживеале и побарал од него да го врати капарот поради конкретната ситуација. Тоа семејство не е финансиски силно и имаа голема потреба од пари. Лабунски одбил да ги врати парите. Беше околу 200 евра бидејќи Лабунски пееше за 500 евра максимум – вели изворот за српски „Курир“ и продолжува:

– Ожалениот татко ја објавил нивната преписка на социјалните мрежи и луѓето биле згрозени. Сите го мразеа пејачот поради тоа. Се обиде да се оправда, за тоа пишуваа сите медиуми во Македонија. Адам станал несакан музичар во својата родна земја затоа што немал разбирање за несреќата низ која поминала ожалостеното семејство, објавија српските медиуми.

Јавноста доби пристап и до пораките што ги разменувале учесникот на „Задруга“ и таткото на починатиот млад човек. Од преписката е јасно дека таткото очајно се обидува да ги доби парите назад, но дека пејачот не сакал ниту да слушне за тоа.

– Да те замолам да не ме замараш 100 пати. Не разбираш. Го изгубив настапот тој ден, како што беше договорено со тебе. Дали е јасно?! Изгубив 500 евра – напишал Лабунски.

Тогаш му одговорил таткото на младиот човек.

– Мислам дека не може да се споредува. Едно е желбата, друго е судбината. Мојата загуба е неспоредлива со вашата. Никој не го очекуваше и не се надеваше на ова. Ова не е фер и треба да ги вратите парите. Навреме те известив да најдеш уште една свирка. Треба да ги вратите парите – се наведува во пораката.