И покрај одличниот настап, македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска не се пласираше во големото финале. Таа настапи со реден број 11 и ја испеа својата песна „Circles“ за време на втората полуфинална вечер на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

Вечерва беа одбрани уште десет 10 финалисти – Финска, Србија, Азербејџан, Австралија, Естонија, Романија, Полска, Белгија, Шведска и Чешка. Покрај Андреа, претставниците на Израел, Грузија, Малта, Сан Марино, Кипар, Ирска и Црна Гора нема да ги видиме за време на финалната вечер на Евровизија.

Како потсетување, во првото полуфинале, кое се одржа на 10 мај, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија не се пласираа во финалето.