Повеќето домаќинки имаат свој традиционален рецепт за ајвар, најчесто наследен од мајката, свекрвата или бабата. Но, не е реткост некогаш да се експериментира и со нов рецепт.
Ви пренесуваме малку поинаков предлог за ајвар во кој освен пиперки и модар патлиџан, може да додадете и малку рен. Овој предлог е идеален за оние кои сакаат лут ајвар.
Значи, не мора да го менувате вашиот основен рецепт, туку само да додадете рен во неколку тегли. Останатите оставете ги како што си правите секогаш.
Начин на подготовка:
Испечете и излупете ги пиперките и модриот патлиџан, исечкајте ги или измелете по желба, па пржете со додавање масло и повремено мешање. На половина од процесот додадете сол. Дури на крајот нарендајте мала количина рен, на 3 кг пиперки оди 300 г рен. Вмешајте го во ајварот. Сипете го во врели, стерилизирани тегли и затворете со стерилизирани капачиња. Оставете на топло 24 часа.
Стерилизацијата може да ја извршите во рерна.
Be the first to write a comment.