Водителката Нина Пеќолк се самоуби на почетокот на оваа недела, а веста за ненадејната смрт на младата водителка го потресе целиот свет. Нина имаше само 27 години и си го одзеде животот поради проблеми во врската кои кулминирале во претходните недели.
Нина долго време беше во врска со десет години постариот Кајл Хас, разведен татко на две деца, но врската беше турбулентна. Двојката беше свршена и беа испратени покани за свадба, кога Кајл одеднаш ја откажа венчавката два месеци пред закажаната церемонија.
Нина тешко ги поднесуваше неговите промени во расположението, кавгите предизвикани од алкохолот и озборувањата за изневерување. Сепак, тие се обиделе да поработат на нивната врска и заедно купиле куќа. Последната капка која ја прелила чашата за Нина, според изјавите на нејзините блиски, била кога во таа куќа пронашла долна облека на непозната жена.
Нина си го одзеде животот дома по неколку недели чудно однесување кое го загрижи нејзиното семејство. Еден од нејзините пријатели изјавил и дека Кајл постојано зборувал за тоа како повеќе не сака да биде со неа и на своите пријатели им покажувал фотографии од својата жешка поранешна девојка.
Нина потоа испратила пораки до семејството во кои напишала дека повеќе не може да ја издржи врската со него и дека размислува да се самоубие.
Од Нина, која си го одзеде животот на начин на кој семејството избра да не го открие, најблиските се простија на две комеморации. Едната била во Флорида, каде што е родена, а другата во Висконсин, каде работела на телевизија.
Be the first to write a comment.