Силен земјотрес го погоди Мексико. Според мексиканските сеизмолози, магнитудата е 7,4 степени, а епицентарот на земјотресот бил на брегот на Пацификот.

Според Американскиот геолошки институт (USGS) земјотресот бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала и го погоди крајбрежјето на пограничниот регион на државите Мичоакан и Колима на длабочина од околу 15 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде што по потресот граѓаните почнале да излегуваат од зградите на улиците. Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум, рече дека во моментов нема извештаи за материјална штета.

Земјотресот го погоди Мексико во истиот ден како разорните земјотреси во 1985 и 2017 година.

Илјадници луѓе загинаа во земјотресот во 1985 година, а повеќе од 350 загинаа во земјотресот во 2017 година.

Загина најмалку едно лице

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Мексико на годишнината од двата разорни потреси, при што загина најмалку едно лице, оштетени se згради, струјата е во прекин.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во видео-обраќање изјави дека едно лице загинало во пристаништето Манзанило во Тихиот Океан, откако се урна ѕид во продавница.

Малку по 13 часот. (1800 GMT), земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди крајбрежјето на пограничниот регион на државите Мичоакан и Колима на длабочина од околу 15 километри (9 милји), соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум, рече дека нема непосредни извештаи за штети во главниот град по потресите, кои го зафатија Мексико истиот ден кога земјата ја зафатија големите земјотреси во 1985 и 2017 година.

Ернесто Ланцета, сопственик на бизнис во квартот Куахтемок во градот вели: „19-ти е ден од кој треба да се плашиме“.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека зградите се тешко оштетени.