Во тој кобен април 1999 година, српскиот полицаец Зоран Гавриќ (52) ѝ погледна на смртта директно во очи. Беше изрешетан со над дваесет куршуми од калашников и двапати доживеа клиничка смрт, но по Божја волја преживеа и со тоа стана „медицинско чудо и непобедлив човек од челик“, пишуваат српските медиуми

Неговата животна желба била да облече униформа и да ја брани Србија. Завршил Училиште за внатрешни работи во Сремска Каменица и се вработил во МВР. Кога изби војната на Косово и Метохија, тој беше меѓу првите што се најде во воената зона.

„Мојата единица е специјална единица на полицијата и наша задача беше да го зачуваме редот и да ја обезбедиме државата. Поминавме многу месеци таму долу. Дадовме се од себе, не се штедевме. Сфативме дека треба да му помогнеме на тој народ и дека тие живееја угнетени и сите отидовме со големо задоволство .Не баравме никакви отстапки, ниту поставувавме прашања за одење на Косово. Некои земаа боледување, но ние не, мојата единица никогаш не го направи тоа“, ја започнува приказната Гавро за агенцијата РИНА.

Секој ден од војната, нивните животи виселе на конец, а тоа беше случај и на 6-ти април. Единицата на Гавро го расчистувала теренот и влегле во албанска заседа. Тој бил командант на дивизијата но кобниот ден не бил доволно „покриен“. Непријателот го забележал низ дупка во ѕидот и паднал дожд од куршуми.

„Го испука целиот шаржер во мене. Тоа е како во филмовите, не чувствуваш болка, куршумите што минуваат низ тебе не болат. Гледаш само дека кога ќе те погоди куршумот, твоето тело се врти лево- десно додека не престане, па паѓаш долет. Во ниту еден момент не изгубив свест. Само во еден момент забележав дека целиот комбинезон ми е изрешетан, а крвта течеше насекаде во млазови.

Потоа, имав болки, такви што човек сака веднаш да умре за да не живее. Целиот твој живот минува низ глава во слики во миг. Прво што ти паѓа на памет се децата, како ќе се снајдат без мене. Моите деца тогаш имаа седум и осум години“, раскажува Гавриќ.

Кога го покосил, ни тоа не му било доволно на непријателот, дошол да го „завери“ со друга рамка. Додека пукал, Гавро од земјата му гледал право во очи. На крајот ни на убиецот не му било јасно како е тоа можно и исчезнал во чудо.

„Сега кога ќе го погледнам од оваа точка имам впечаток дека тоа му се случило на некој друг, а не на мене. Кон мене беа испукани два шаржери, еден од десетина метри, а потоа ми пријде кога лежев на земја, ме сврте и истресе уште еден. Добро го видов. Сè на мене беше прободено, па и нозете и рацете, а единственото нешто што беше цело ми беше главата и срцето“, раскажува овој полицаец, присетувајќи се како настанала вистинска борба кога неговите колеги се обиделе да го извлечат.

„Цело време бев свесен, дури давав инструкции како да ме извлечат. Мојата единица ме влечеше 45 минути, а потоа ме префрлија во болницата во Косовска Митровица. Целиот персонал кој беше во центарот Медин во Митровица излезе да ме пречека.Се сеќавам и дека кога ме однесоа во сала и кога ми го исекоа комбинезонот тогаш ги слушнав како велат „леле колку е изрешетан“. После ме ставија под анестезија, па си помислив штом не умрев до сега, можеби ќе се извлечам“.

Првата операција траела 12 часа, а од Гавро лекарите извадиле дури 28 куршуми калибар 7,62 милиметри. Два дена бил во кома, а потоа бил на работ на живот и смрт. Потоа се разбудил и видел генерал како се радува околу него. Жена облечена во бело му пришла и рекла дека се вика Ева.

„Мислев дека веќе сум на небо и сум стигнал во рајот. Сепак, за овој мој втор живот е најзаслужна прекрасна докторка. Ме праша дали сега може да оди дома кај децата, бидејќи била два дена и две ноќи покрај мојот кревет“, се сеќава како се разбудил.

Откако се разбудиле, лекарите го известиле дека прв пат во пракса се среќаваат со ваков случај и дека никогаш немале пациент погоден со толку куршуми. Потоа бил префрлен во Ниш, а оттаму во ВМА.

„Тогаш почнува хаосот, болницата стана мојот втор дом. Таму имав операција по операција, ден на ден. Веќе отрпнав кога викаа Зоран Гавриќ ќе оди на операција, како да одам на некоја вообичаена работа. И тие масовни операции траеја еден месец, секогаш беше изваден некој куршум. Патем, од 85 килограми паднав на 48, но телото не можеше да издржи повеќе и тогаш ме пратија во Бања Ковиљача на рехабилитација. вели Зоран.

Две и пол години лежел неподвижен и гледал само во една точка. Не можел да се качи ни во инвалидска количка. Двете нозе му биле изрешетани, сите мускули, му недостасуваат три прсти на левата нога. Сè уште носи огромни лузни на раката, стомакот и грбот како потсетување на тој кобен ден. Сега може да се движи со помош на патерици, а само тој знае колку болат старите рани при промената на времето.

„Кога одам на море, се срамам да се соблечам, бидејќи сум забележлив и сите гледаат во мене, душевната болка беше посилна, тешко беше да се надмине тоа од натпросечно способен маж да станете 100 отсто инвалид и не можете да направите ништо сами.„Многу е тешко да се збогувате со униформата.

Гавро вели дека повторно би застанал пред калашников за да ја заштити својата татковина секој невин живот. По неговите стапки тргнал и неговиот син, кој работи во полиција во Шабац.