Aвтомобил „голф 3“ со сина боја утринава околу 7 часот и 30 минути излетал од малиот мост во Рогами во потокот Широлија во Црна Гора, неофицијално од Полициската управа велат за „Вијести“.

На местото на несреќата може да се забележи и погребално возило

Според истите информации, во возилото имало три лица, а од реката е извлечено тело на млада жена. Се очекува доаѓање на нуркачи.

Веднаш по пријавувањето од граѓаните, во 7 часот и 37 минути на местото на настанот се испратени Итната медицинска помош, Службата за заштита и спасување, увидна екипа и известена е Дирекцијата за вонредни состојби“, рече истиот соговорник.

Од местото на несреќата

Тој додаде дека акцијата е во тек.

„При излегување на местото на настанот, констатирано е дека автомобилот потонал и се претпоставува дека во него има неколку лица. Акцијата за спасување е во тек, а припадниците на Службата досега извлекле едно безживотно тело, кое им е предадено на надлежната служба. Потрагата продолжува, а по наредба на командирот на Службата, ангажирана е нуркачка единица од Бијела“, соопштија од Службата за заштита и спасување.