Знаете ли кое е вистинското име на Ѓорѓи Колозов?!

Сите се раѓаме со едно име, она правото кое ни го одбира кумот или ни го дава родителот, но во животот, во животот подоцна под тоа име можеби и никој нема да не знае. Како ќе не викаат преку целиот живот не зависи од кумот, родителот или самите нас ами најповеќе од луѓето со кои најмногу се дружиме: најдобрите другари, братучедите, соучениците итн…

Сите го знаеме како Гоце Делчев, но ретко кој знае дека неговото вистинско име е Георги (Ѓорѓи) Делчев.

На пример сите го знаеме како Ванчо Петрушевски, но неговото вистинско име е Иван.

Името под кое се прослави беше Тоше, но неговото вистинско име е Тодор Проески, но меѓу народот засекогаш ќе остани она милозвучното Тоше и уште многу такви примери.

Ѓорѓи Колозов е роден на 26 Февруари 1948 година во гратчето Богданци во семејството на Ристо и Катерина Колозови.

Подоцна сите го знаеме како Ѓорѓи…често од своите колеги нарекуван Ѓоко, од некои само Колозов, но најповеќе од народот нарекуван ЦАРОТ!

Но неговото вистинско име не е ниту Ѓорѓи, ниту Ѓоко, ниту Гоце!

Името со кое е запишан во книгата на родените и името кое стои на неговата спомен плоча каде што почива денес е ЃОРЃЕ.

Името му го дала неговата мајка.

Ѓорѓе Колозов.

Но и под кое име да се присеќаваме на него, неговиот топол лик засекогаш останува длабоко врежан во нашата колективна меморија.

Вечна слава на Ѓорѓе, Ѓоко, Ѓорѓи – ЦАРОТ!

Текст – Горан Марковски.

(објавено на ФБ страницата Ѓорѓи Колозов)

Сепак, со коментар под овој текст се јави неговата ќерка Катерина Колозова, која вели дека вистинското име е ГЕОРГИ.