Денес изгубивме прекрасна колешка, ценет пријател со големо срце и огромен љубител на кучиња…денес не напушти ненадејно нашата сакана Ивана Дерлива.

Нејзината прерана смрт не остави скршени и во неверување😢😢😢….

ИВАНА НАША НАЈМИЛА…. беше и ќе останеш секогаш запаметена по својата насмевка, неверојатна позитивна енергија, голема добрина, хуманост и борбеност за подобар живот на бездомните кучиња.

За нас ќе останеш секогаш неговател за пример.

Ќе ни недостигаш бескрајно, но не само на нас, туку и на кучињата кои особено те сакаа.

Почивај во мир, Твоите колеги од ЈП Лајка.