Еден возач во Грција се соочил со ужасен случај поради кој предизвикал сообраќајна несреќа во областа Сикури, Лариса.

Според larissanet, змија успеала да влезе во автомобил и да го касне возачот додека автомобилот бил во движење!

Епилогот е таков што е возачот од страв изгубил контрола над автомобилот и направил сообраќајна несреќа.

Брза помош излегла на местото на настанот и го пренела возачот во дежурната Универзитетска болница во Лариса.