Поранешната лото девојка Тина Катаниќ се појави во емисијата „Кај нас дома“ на ХРТ и пред камерите проговори за секс скандалот од 2015 година кој за малку ќе ѝ го уништеше животот.

– Се случи тешко кривично дело. Значи, работа за која одите во затвор и која луѓето не треба да им ја прават на другите луѓе. Не ми значи ништо што некој е во затвор. Но, тоа морално и како пример значи дека некои работи во Хрватска се законски регулирани и дека не може секој да прави што сака – рече Тина и додаде дека не побарала оштета.

– Судството донесе пресуда, затворска казна. И добро, животот продолжува. Јас дури и не барав никаков надомест за себе. Не отидов, како што велат, од инает. Најважно ми е да го зачувам мирот – рече таа и додаде дека во овој тежок период од животот најмногу и помогнале пријателите и семејството.

Во 2015 година Тина се повлече од очите на јавноста, а сега откри што правела последните седум години.

-Патував низ целиот свет, работејќи како менаџер и едукатор во една компанија. Бев во мојата комфорна зона, имав други приоритети, бев како риба во аквариум, па сега се чувствувам како да сум повторно во морето. Велат дека животот започнува кога ќе излезете од вашата комфорна зона, а мислам дека токму тоа го направив – изјавила поранешната лото девојка.

Да потсетиме, Тина минатиот месец реши да го прекине молкот и за прв пат проговори за скандалот.

– На најгорчлив начин бев жртва на кривично дело и сериозно нарушување на приватноста. Веќе кога имам можност да ви кажам и на медиумите кои ќе ги пренесат моите зборови, па сигурна сум дека многумина ќе го прочитаат ова, морам да кажам дека и многу други девојки беа жртви како мене – изјави тогаш таа.

Отвори профил на Инстаграм и се прошета низ модни ревии

Набргу потоа Тина се појави на две ревии во Загреб, а нејзиниот профил се појави на Инстаграм.

– Каде е денес Тина? Тина денес ужива во животот! Сакам да патувам, да се дружам со прекрасни луѓе кои ме инспирираат, чија креативност ја буди креативноста во мене. И секако – да сакаш надвор од границите. Како и секогаш – напиша Тина со селфито.

Да се потсетиме на скандалот од 2015 година

Поранешниот фудбалер кој настапувал во клуб од пониската лига во Хрватска, Домагој Р. (28), завршил во затвор затоа што во 2015 година ја снимал поранешната лото девојка и манекенка Тина Катаниќ како имаат секс со двајца негови пријатели.

Тој е осуден на една година и 11 месеци затвор. Тина рече дека пред шест години била намамена да отиде во станот, каде се дружеле со двајцата негови пријатели. Таа вели дека тој ја искористил ситуацијата и тоа што била пијана и дека ја синмал противзаконски.

Неговите пријатели велат дека не знаеле дека Домагој ги снима, а едниот од нив се бранел, тврдејќи дека тоа што било снимено, не може да се смета за сексуален однос.

Тина ја прекинала дружбата со Домагој откако забележала дека тој се однесувал чудно, а откако снимката излегла во јавност, таа сфатила дека била измамена.

Домагој подолго време го избегнувал судскиот процес, па во во 2016 и 2017 година по него била распишана и судска потерница. Во 2018 година бил издаден и европски налог за негово апсење. Минатата година тој бил испорачан од Германија во Хрватска.