Оваа година титулата „Гранд“ ѕвезда ја понесе деветнаесетгодишниот Нермин Ханџиќ. Тој во суперфиналето се најде рамо до рамо со рокерот од Македонија, Александар Јосифовски, но според Саша Поповиќ, врз основа на добиените резултати извојува убедлива победа со 128.456 илјади гласови.

– Ви благодарам луѓе, не знам ни што да кажам сега. Кој и да ја однесеше победата вечерва ќе беше заслужено – скромно изјави Нермин, а потоа следеше победничка песна која сите ја пееја на глас со него.

Покрај златната статуа на победникот, младиот Ханџиќ освои и автомобил Опел Корса, како и песна и спот на Гранд продукција.

Инаку, Нермин првпат се појави на телевизија на само 11 години, кога се натпреваруваше во „Некои нови деца“, каде со својот талент ги воодушеви сите.