Ирена Пецотиќ, фармацевтка од Сплит и сопруга на хрватскиот музичар Марко Пецотиќ, неодамна доби илјадници следбеници на Инстаграм, а причината не е ни малку убава.

Имено, пејачот пред неколку дена откри дека тој и Ирена се разведуваат по 17 години брак.

На својата наскоро бивша сопруга и признал дека има нова девојка и не сака повеќе да ја лаже. Иако рекол дека дома се е во ред, познаници за медиумите изјавиле дека тоа не е така. Неговата мајка наводно плачела откако информацијата излезе во јавност, а поразителен е фактот што неговата нова девојка Силвија Дворник се појавувала на семејните собири и се однесувала со него како ништо да не се случува меѓу нив.

Ирена и Марко

Силвија беше и придружен вокал на Марко. Ирена засега не сакаше да ја коментира ситуацијата.

Хрватските медиуми на големо пишуваа за разводот на сплитскиот пејач, а многумина признаа дека пред целата оваа драма не ни знаеле кој е и што прави Пецотиќ.

Марко со новата девојка Силвија

Ирена се здоби со „слава“ поради разводот и за само неколку дена доби над три илјади следбеници на Инстаграм.

Исто така, многумина ги коментираат нејзините фотографии и ја бодрат бидејќи во овие тешки моменти, како што велат, мора да биде силна.