Пејачот Марко Булат доживува вистинска семејна драма. Пред два дена неговата сопруга наводно физички го нападнала, по што и било забрането да му се приближува на пејачот. Марко вчера се иселил од семејниот стан во српската престолнина, а Марија, пак, тврди дека таа е всушност онаа која трпела насилство од сопругот.

Како гостин во утринската програма кај Јована Јеремиќ, пејачот Марко Булат ја претстави својата страна на приказната.

– Сега зедов да прочитам, не се занимавам со следење на пипувањата, не контактирав со никого, дојдов овде да кажам неколку работи. Гледам невистини за мене и мојата сопруга, таа е во исклучително лоша здравствена состојба, не ми нанесе сериозни повреди, само ме давеше и гребеше – почна тој, па продолжи:

– Не тојде до кавгата затоа што конзумирала кокаин, имаше караница затоа што не легнав до неа да ја заспијам, таа имаше болки, не ја смирував и тешев. Можеби тоа го направи од фрустрација, секакви работи ми беа кажани во афект, па ја пријавив. Таа беше дел од многу афери, јас пријавив семејно насилство.

– Нема да ги коментирам нејзините изјави, не се давев сам себеси, не е важно. Ќе видиме од понеделник дали ќе се разведеме, денес во разговорот со неа не видов желба од таа страна бракот да опстане. Сакам да преживее заради децата и љубовта и да оздрави, секако ја сакам, таа е мајка на моите деца. Кога некој е екстремно болен, незадоволен од тоа што не е добар партнер, не може да го даде својот максимум поради неговата болест, се случуваат вакви работи, мора да има разбирање.

Да потсетиме, Марко пред два дена ја пријавил сопругата за семејно насилство, а таа добила наредба да се оддалечи од куќата 48 часа. Кавгата меѓу сопружниците наводно започнала кога Марко ја нарекол Марија „наркоманка“, откако во станот пронашол „некои цевчиња“ кои ги однел на ДНК анализа која наводно утврдила присуство на психоактивни супстанци. Тогаш Марија негирала и во лутина му удри неколку шлаканици, почнала да го клоца и гребе.

Од друга страна, Марија тврди дека таа е таа која трпела насилство во семејството.

– Всушност, јас сум таа со модринки на грбот и изгореница на ногата. Ова се повредите што ми ги нанесе Марко, но не сакам да го обвинувам. Не сакав да одам на лекар, ниту пак имам намера да го пријавам сопругот за семејно насилство, како што направи тој. Сакам само се да заврши што е можно поскоро – заклучила таа.