Во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Германија, загина Мирсад Мушановиќ од Зеница.

Оваа тажна информација ја потврди и официјалната веб-страница на НК Фортуна во која долго време настапуваше 28-годишниот зеничанец, пренесува Српскаинфо.

– Со тажно срце ги известуваме нашите пријатели, сограѓани и познаници дека на 28-годишна возраст почина нашиот поранешен и долгогодишен играч на НК Фортуна Зеница, Мирсад Мушановиќ. Мирсад починал при тешка сообраќајна несреќа во Германија што се случила вчера во текот на денот – стои меѓу другото во соопштението, пишува Аваз.

Голем број граѓани на Зеница се во шок по веста дека поради несреќни околности е изгубен уште еден млад живот.