Во саботата попладне, 35-годишен Хрват го загрозил сопствениот живот, но и животите на патниците во Германија на железничката станица Хенеф.

Тој се симнал на шините и го запрел залетаниот воз S-Ban во Северна Рајна Вестфалија, а сега федералната полиција спроведува истрага поради „опасна интервенција во железничкиот сообраќај“.

Како што пишува Kolner Stadt-Anzeiger, 35-годишникот го запрел возот околу 17 часот. Хрватот изјавил дека тоа го направил бидејќи го заборавил багажот во возот и сакал возот да застане.

– Кога го видел човекот на пругата, машиновозачот прво дал предупредувачки сигнал и применил итно сопирање, соопшти полицијата.

За среќа возот навреме запрел и никој не е повреден. Изгубениот багаж бил пронајден кога во исто време машиновозачот на возот С19 пронашол ранец и куфер откако застанал на колосекот Хорем.

Багажот го проверила сојузната полициска служба и било утврдено дека е на 35-годишен Хрват.