Албанската претставничка на овогодинешната Евровизија привлече големо внимание со својот настап, но не успеа да се пласира во финалето на натпреварувањето.
За неа многу се зборуваше и пишуваше веднаш штом ја одржа првата проба во Торино, по што организаторите решија да не објавуваат нејзини фотографии на социјалните мрежи бидејќи одредени делови од нејзината кореографија ги сметаа за премногу провокативни.
Ронела се огласи на Инстаграм и откри како се чувствува откако се пласираше во финалето.
„Дури и да влезев во финалето, ќе бев последна! Знам, но количината на љубов што ја добив е огромна! Победив на Евровизија затоа што ја освоив публиката, а публиката е секогаш во право! Ве сакам“, напишала пејачката.
Српска водителка жестоко ја нападна албанската претставничка
Српската водителка Јована Јермиќ проговори за скандалот што се случи синоќа на отворањето на „Евровизија“. Имено, првиот настап предизвика бурни реакции кај публиката, бидејќи Албанката Ронела Хајати на крајот од својот настап со рацете го покажа знакот на двоглавиот орел, кој е симбол на таканаречената Голема Албанија.
Водителката изјавила дека била многу шокирана од она што го видела синоќа и дека ова е чиста провокација.
Водителката ја коментираше и објавата на албанската претставничка која иако не се пласираше понатаму изјави дека е вистинскиот победник на овогодинешната „Евровизија“.
– По тој скандал претставничката рече „сепак победив“. Нејзината изјава е „И да влезев во финале, ќе бев последна. Добив многу љубов, победив на Евровизија, затоа што ја освоив публиката. Публиката е секогаш во право, ве сакам“. Таа го покажа срамот на една нација и еден народ, кој на овој начин сака да ја пропагира лажната држава Косово на светскиот натпревар. Ова е срамно и ова е за осуда! Не е за пофалба и треба да и биде срам! Косово е Србија! – изјави Јована Јеремиќ.
Be the first to write a comment.