Четиригодишно девојче два дена поминало затворено во стан во гратчето Велс во Горна Австрија покрај нејзината мртва мајка.

Нејзиниот дедо повикал полиција бидејќи не можел да стигне до својата 39 годишна ќерка која страдала од тешка болест.

Полицијата веднаш тргнала во акција – ја скршиле заклучената врата од станот и го пронашле девојчето покрај мртвото тело на нејзината мајка.

Во соопштението се наведува дека жената починала на 8-ми мај.

– Девојчето добро се однесуваше и мислеше дека мајка ѝ спие, вела од австриската полиција, пренесува „Кронен цајтунг“.

Сепак, ја однеле во болница. Девојчето е во добра состојба е и е кај нејзини роднини.